Македонската јавност од цела поранешна Југославија се сеќава на случајот со малата Билјана Србиновска, чие тело исто така беше пронајдено во селото Бразда во 1989 година. Нејзиниот убиец до ден денес не е пронајден, иако во моментот на настанот се водеше опсежна истрага.

Исчезнувањето на деветгодишната Билјана Србиновска се случи на 24 декември 1989 година. Таа попладне го напуштила пионерскиот дом „Карпош“ и се упатила пеш дома  по булеварот Илинденска, но никогаш не стигна до улицата Никола Тесла во Карпош 1 каде што живееше.

По повеќе од еден месец, на 27 јануари 1990 година, нејзиното безживотно тело е пронајдено во селото Бразда кај Скопје.

Според тогашните информации, момче и девојка случајно го забележале телото на убиената девојка во бунар во селото Бразда и ја известиле полицијата. Откриено е дека  Билјана била сексуално нападната и убиена, но никогаш не се откри кој стои зад ова монструозно злосторство.