Во пукотници во Чаир вчеравечер повредено е едно лице. Како што дознава „Канал 5“, повреден е припадник на МВР од Единицата за брзо распоредување.

Вчера во 21.16 ч од Ургентниот центар на „Мајка Тереза“ пријавено е дека кај нив е донесен Р. М. (24), повреден од огнено оружје на ул.„Методија Митевски“ во Скопје. По кажување на Р.М., во него пукало лице од с.Арачиново, велат од МВР, од каде додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.