Во Белград почна Самитот Кина + 16 земји од Централна и Источна Европа .

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ   присуствуваше на отварањето на Самитот на министри за транспорт, а во своето обраќање истакна дека секоја   средба е можност на унапредување на  економската соработка.

Тој ја нагласи потребата од поврзување на регионот затоа што денес тоа е од пресудно значење. Ако се погледне просторот  на бивша Југославија, може да се види дека БиХ и Србија немаат автопат кој ги спојува, ниту пруга, а слично е со Црна Гора, Романија , нешто подобро со Бугарија и Македонија, истакна во својот говор претседателот на Србија.

 Инфраструктурно не сме поврзани, иако сме главни трговски партнери, а тоа се работи кои мора да ги исправиме  подвлече Вучиќ

На Самитот ќе се разговара за досегашната вкупна соработка меѓу Кина и 16 земји на централна и источна Европа, како и нејзиниот натамошен развој.