Ситуацијата во земјоделскиот сектор во Република Македонија е повеќе од алармантна. Постојано гледаме како земјоделците си ги бараат ветените субвенции. Сведоци сме дека изминативе години додека СДСМ е на власт речиси секоја земјоделска култура наместо на пазарите завршуваше на буниште, изјави денеска Цветан Трипуновски, член на Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ
Сакаме да укажеме и да ја информираме јавноста дека реалната ситуација со македонското земјоделие е очајна и дека земјоделецот е доведен на работ на егзистенцијата. Доказ дека земјоделците се оставен сами на себе е фактот што со последната измена на Програмата за финансиска поддршка во земјоделството, која што е објавена во „Службен весник“, во мерката 11 која се однесува на заостанатите обврски, бројката е повеќе од алармантна. Речиси 65 милиони евра се во ставката заостанати обврски. Потенцираме 3 милијарди 979 милиони 766 илјади денари е минусот во програмата за финансиска поддршка во земјоделството, кои што се направени од страна на СДСМ за период од 2017 и 2018 година, вели Трипуновски
Тоа значи дека лозарите од Тиквешијата, јаболкарите од ресенскиот регион, оризарите од кочанско, градинарите од струмичкиот регион и сточарите од цела Република Македонија со ваквиот минус во програмата нема да ги добијат ветените субвенциите кои што ги очекуваат со денови, а за нив живот значат.
Comments are closed for this post.