Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека ќе ги зголеми од  10 отсто на 25 отсто  царинските давачки за кинеската стока во вредност од 200 милијарди долари, додека преговорите за трговскиот договор помеѓу САД и Кина постепено напредуваат.

Преговорите за трговски договор со Кина продолжуваат, но премногу бавно, бидејќи тие се обидуваат да преговараат од нула. Не“ , рече Трамп на Твитер, додавајќи дека царината од 10 на 25 отсто ќе биде зголемени  во петокот.

Овој потег значително го зголемува притисокот врз Кина, бидејќи Трамп го одложи зголемувањето на царината на почетокот на оваа година, наведувајќи ги преговорите како причина.

Трговските преговори меѓу САД и Кина треба да продолжат следната недела, а кинескиот вицепремиер Лику Тој треба да дојде во Вашингтон.Претходниот круг преговори се одржа во април во Пекинг.

Соединетите Американски Држави досега воведоа тарифи во опсег од 10 на 25 отсто на кинески стоки вредни 250 милијарди долари, обвинувајќи ги Пекинг за разни нефер трговски практики.

Кина одговори со наметнување царини за стоки во вредност од 110 милијарди долари, обвинувајќи ги САД да се повлечат од „најголемата трговска војна во економската историја“.