Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) се залага за воведување на глобален данок на јаглерод диоксид за борба против климатските промени.

Во заедничката изјава директорката  на ММФ Кристин Лагард и директорот за фискалната политика на ММФ Витор Гаспар се изјаснија за таква такса.

Како тие пишуваат, светските емисии на јаглерод диоксид ќе треба да се намалат до 2030 година со 1/3-та и да се наметне данок од околу 62 евра на тон јаглерод диоксид, за да се усогласат со целите на Парискиот договор за клима.

Лагард и Гаспар сметаат дека има “значителен консензус” за тоа дека оданочувањето е “ефикасен инструмент”, за да се ограничи потрошувачката на фосилни горива и сродните емисии на јаглерод диоксид. Покрај тоа, надоместокот ќе ги обезбеди потребните приходи за враќање на обновливите извори на енергија.

Сепак, ова оданочување би имало поинакво влијание врз емисиите на јаглерод од поединечни земји. Така на пример во Кина, земјата со најголема концентрација на гасови во светот, данок од околу 39 евра може да доведе до 30% пад на емисиите. Истото важи и за Индија и за Јужна Африка, каде што енергијата доаѓа главно од јаглен. Во земјите како Франција кои користат енергија од други извори, како што се нуклеарната енергија, данокот ќе доведе до 10%

Меркел против данокот

Германија моментално се спротивставува на националниот данок на јаглерод, особено во владејачките партии. Канцеларот Ангела Меркел се спротивстави на оваа идеја на крајот од април.