Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 3,21%, информираат од Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажните цени на бензните Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се зголемуваат за 3, односно за 2,5 денари за литар и со тоа малопродажната цена изнесува 71,5, односно 73 денари за литар.

Малопродажните цени на дизелот и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,5 денари и со тоа цената на Еуродизел (Д-Е V) изнесува 62,5 денари, а на екстра лесното масло за домаќинства 51 денар за литар.