СДСМ преку соопштение до медиумите реагираше на прес конференцијата на членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Цветан Трипуновски кој денеска на барање на земјоделците оствари посета на Росоман и ја обвини власта за манипулација со земјоделците.
Од СДСМ порачуваат дека крајно лицемерно е ВМРО-ДПМНЕ кои со години ги игнорирале потребите на земјоделците денес да глумат лажна загриженост и преку бесмислени изјави да зборуваат за земјоделството.
„Вистината е дека денеска во Росоман беше остварена средба помеѓу претставници на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Државниот инспекторат за земјоделство и Државната фитосанитарна лабораторија и претставници од компаниите извозници на праски и производители на праски, на која е разговарано за состојбата со откупот, цената и извозот на праски, стои во соопштението на СДСМ.
Оттаму додаваат дека Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, констатирано е дека извозот се одвива непречно и праските се извезуваат во Русија, Иран, Белорусија, Косово, но презентирани се и предлози за подобрување на соработката помеѓу производителите и откупувачите на праски.
Од СДСМ информираат дека веќе следната недела ќе има средба и со компаниите од индустријата за да се договори откупот на праски за преработка со цел да има откуп на целокупната произведена количина на праски.
Comments are closed for this post.