Тензична атмосфера на денешната блокада на патот Градско – Прилеп кај Росоман. Земјоделците протестираа, незадоволни од откупните цени на грозјето. Кога пристигна министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Трајан Димковски, лозарите и овоштарите почнаа да извикуваат оставка, оставка …
Земјоделците бараат загарантирана цена за килограм грозје и гарантирани субвенции, стручни лица да одлучуваат околу шеќерноста на грозјето, отштета поради сушата и исплата на заостанатите долгови од пред неколку години, кои одделни винарии ги имаат кон лозарите, заложби за подобро водоснабдување во земјоделството. Блокадата е на повик на новоформираното Здружение на лозароовоштари.
Министерот Димковски го повтори она што вчера го изјави во Росоман, дека државата ќе интервенира во лозарството. Овие денови, како што рече, ќе се седне со лозарите за да се дизајнира најавената интервентна мерка со цел да се извлече максимум. Ќе се има предвид и дека во одредени предели поради сушата приносите се намалени 20 до 30 отсто.
– Бербата на црните сорти грозје е при крај, веќе се бере и „смедеревка“ како бела сорта, а следува „станушина“. Периодов бевме постојано присутни и во комуникација со лозарите. Се очекуваше вишок на грозје, но сушата придонесе за помали приноси, винариите ќе го откупат целото грозје кое ќе биде понудено. Земјоделците мора да влегуваат во договорни односи со винарниците, да се планира производството, рече Димковски.
Comments are closed for this post.