Владата во последните 6 месеци, преку државните механизми, на министрите од СДСМ и компаниите блиски до Заеви додели МИЛИОНСКИ суми финансиска помош и грантови.
И тоа од парите кои ги плаќаат граѓаните кон државата! Притоа, ја задолжи државата за 60%..
Во низата непромислени стратегии е најновата: дека ќе ги пуштат да пропаднат сите оние компании кои нема да можат да се справат со оваа економска криза и ќе бележат загуби!
Под изговор, дека е тоа европски!, напиша на својот фејсбук профил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.