Здружението на оштетени штедачи од Еуростандард очекува пратениците да го разгледаат и прифатат нивниот предлогот за Закон за обесштетување на сите жртви на криминалот во банката.

Како што е соопштено, досега со пратениците од релевантните партии во Собранието реализирале две средби. На првата информирале за текстот на нивниот предлог закон за обесштетување, а на втората биле информирани дека веќе е иницирана надзорна собраниска расправа за случувањата во банката и работењето на НБРМ поврзано со случувањата во банката.

Тоа  е од големо значење и вистински чекор во насока на обелоденување и разоткривање на криминалите кои таму се случувале – велат од Здружението.

Оттаму додаваат дека веќе е договорена средба и со премиерот Зоран Зав на која ќе побараат да се донесе посебен закон за обесштетување на сите штедачи на Еуростандард банка.

Штедачите, исто така, очекуваат да се расчисти состојбата со криминалите во Еуростандард банка.

Со овој закон освен што ќе се исправи неправдата која им беше нанесена на штедачите, правни и фзички лица, и уште побитно за сите граѓани и самата држава, ќе создаде основа државата да ги употреби сите механизми да ги открие криминалие во и околу Еуростандард банка и да ги спречи таквите појави во иднина, со што навистина ќе се потврди владеењето на правоти и стабилноста на банкарскиот систем кој деновиве, од страна на чуварот на тој систем, НБРМ, преку медиумите постојано се прикажува како таков“, наведуваат во соопштението од Здружението на оштетени штедачи а Еуростандард банка.