„Не се бара вистинско решение  за пазарџиите, туку проблемот се пролонгира. Ваквите закони не само што не се функционални, туку се на штета на луѓето кои што продаваат овде на пазарите“.

Ова го изјави лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоскипо средбата со пазарџиите на Зелениот пазар.

Лидерот на опозицијата   подоцна се потпиша и на Иницијативата на пазарџиите , да се повлече овој закон.

Мицкоски рече дека со пазарџиите разговарале за проблемите кои ги имаат. Ги информирале дека ВМРО ДПМНЕ поднесе предлог да се укине законското решени по итна постапка и бараат да бидат повикани на јавна расправа во Собранието да си ги кажат маките.

Пазарџиите се категорично против Законот за трговија на зелените пазари согласно кој пазарџиите  треба да се лиценцираат и да плаќаат за тоа, а хонорарците и пензионерите нема да можат  да продаваат. Од парламентарното мнозинство пак најавија одложување на законот.