Портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов, денеска истакна дека со напредокот на Македонија во интеграцијата кон ЕУ и НАТО, економијата во државаа заздравува, и се движи во посакуван правец.

Доказ за тоа, како што рече Костадинов, е растот на прометот на Македонската берза кој во 2018 година бил за речиси 120 отсто поголем од претходната.

Потенцирајќи го интеграцискиот процес на земјата кон евро-атлантските институции, портпаролот на СДСМ порача дека Македонија станува атрактивна и посакувана дестинација за туристите, додавајќи дека за првпат, во 2018 година, во државата престојувале над еден милион туристи.

Со влезот во НАТО, за кој Костадинов вели дека е веќе извесен, овие показатели дополнително ќе растат.