Eкономски перформанси во земјава се загрозени од внатрешната политичка криза, пишува во најновиот Извештај на Хетитиџ фондацијата. Земјава е рангирана на на 33-то место во светот според Индексот на економски слободи за 2019, но фондацијата наведува дека има  слабост на фискалната политика, непродуктивни трошења и  сива економија која се проценува дека зафаќа 20 – 45 проценти од БДП.

Потребни се структурни реформи и справување со корупцијата и гломазната администрација. Правна рамка постои, но проблем е спроведувањето, што ја поткопува довербата на јавноста дека поостои подготвеност да се гонат корумпираните официјални преставници. Владата донесе некои антикорупциски мерки, но и натаму е присутно политичкото мешање, непотизмот, и одолговлекувањето на судските процеси, се вели во Извештајот.

Иако во Извештајот има сериозни критики, премиерот Зоран Заев вели дека за него  документот е позитивен, а Владата постојано преземала мерки за намалување на сивата економија и корупцијата.

Сите овие мерки што ги развиваме како Влада се буквално борба против сивата економија, која според нашите проценки е меѓу 20 и 30 отсто, што е многу. Така што земја која има аспирации да биде европска, мора сериозно да се бори не само затоа што буџетот губи, туку затоа што губат и граѓаните, односно сите кои се на легалниот пазар, изјави Заев, пред настанот во хотелот „Хилтон“.

Индексот на економски слободи се изработува врз основа на четири критериуми – владеење на правото, јавното трошење, регулаторна ефикасност и отвореност на пазарот.

Македонија според овој извештај е најдобро рангирана земја во регионот, но според извештајот на Институтот Фрејзер од Канада, земјава е рангирана на 73 место и се симнува надолу на листата за економски слободи.

Вкупниот индекс на Македонија изнесува 7,02  од вкупно 10.  Најлошо оценето со 4,31 – е правен систем и сопственички права.  Ако се споредат податоците од претходните години, ќе се види дека во однос на 2015 година Македонија била на 60- то место и со тоа  забележала пад за 13 места.

Овој Индекс  на економска слобода на светот комбинира мноштво индикатори кои градат пет под-индекси – големината на владата, правниот систем и заштитата на правата на сопственост, стабилните пари, слободата на меѓународната трговија и регулативата.

И во Извештаите на фондацијата Хетитиџ  и Институтот Фрејзер , најдобри слободни  економии се  Хонгконг, Сингапур и Нов Зеланд,