Лондонската берзанска група (ЛСЕ), која е оператор на Лондонската берза, ја отфрли понудата на оператоот на Хонконгшката берза за спојување во вредност од 39 милијарди долари.

Тоа значи дека ЛСЕ групата, сепак, одлучила да остане при планираното купување на Рефинитива, провајдер за финансиски информации, оценува агенцијата Ројтерс.

Групацијата ЛСЕ во писмо до операторот на Хонконгшката берза, изразува загриженост по повод клучните аспекти од изнесената понуда, наведувајќи и дека уверувањата на хонконгшките компании во врска со брзата имплементација на договорот „едноставно не се кредибилни“.

Според тоа, Управниот одбор едногласно го отфрла предлогот, се наведува во соопштението на операторот на Лондонската берза.

Најновата вест предизвика акциите на ЛСЕ да скокна за 1,3 отсто.

Хонконгшката компанија пред два дена достави изненадувачка понуда за спојување на двете компании.