Германската канцеларка Ангела Меркел, на отворањето на Меѓународниот саем на автомобили во Франкфурт, ги повика производителите на автомобили повеќе да вложуваат во електрични возила.

Високата мобилност ќе има своја цена ако не се произведуваат ефикасни, климаски погодни возила, изјави Меркел.

Таа истакна дека пред авто-индустријата престои „херкуловска задача“ во обидот да се направи одржлив начин на патување. Канцеларката предупреди на намалувањето на јагленот диоксит во целокупниот обем на сообраќај не е забележан уште од 1990 година.

Меркел ја повика авто-индустријата повеќе да вложува во производството на евтини и одржливи електрични автомобили.

Годинашното мотор-шоу во Франкфурт привлече 1000 излагачи минатата година, но оваа година таа бројка падна на 800, а саемот се одржува во помалата хала.