Оваа година ги отвораме економските врати за перспективната иднина на нашата земја,  заедно со потпретседателот Кочо Анѓушев, и со министерот за економија Крешник Бектеши, влезени сме  комплетно и целосно во економска агенда. Ова го истакна  премиерот Зоран Заев од Давос и најави состаноци со Гугл, Циско и останати реномирани светски компании.

 

Ја користиме токму оваа прилика да ги оствариме состаноците коишто се вредни за Македонија и коишто треба да донесат бенефит преку инвестициите. Зборуваме на состаноци и со Гугл, и со Циско, и со Филипс, и со Сан Груп од Индија, и со многу други компании од автомобилската индустрија, од техничките индустрии, коишто имаат интерес во целиот овој наш регион, па и во нашата земја Република Македонија. Се сретнавме со претставници на компании од Западна Европа, од Југоисточна Европа, но и од Блискиот Исток. Се надеваме на средби дури и со компании од Кина, од Кореја, од Јапонија, од Америка, истакна Премиерот

Целата наша задача е да ги мотивираме колку што може повеќе компании да имаат фокус кон Македонија.

Сега и амбиентот е поинаков, сите знаат дека Македонија е безбедна и стабилна земја, идна или следна членка на НАТО Алијансата, земја со перспективи кои што очекуваат да отворат поглавја со Европската Унија. Сето тоа ги овозможува разговорите многу по надежни, многу по перспективни и навистина имам право да кажам дека сето ова кое што од овде го имам како впечаток дефинитивно носи убава економска иднина за нашата Македонија и за сите нејзини граѓани“, рече Заев