Саемите на автомобили не се тоа што беа. Овогодинешниот франкфуртски саем е најдобар сведок за тоа.

И покрај 1000 излагачи од 32 земји, саемот никогаш не бил посиромашен. Масовно, автомобилските гиганти го откажаа учеството и тоа станува збор за најголемите производители.

Оправдувањето на автомобилските гиганти е едноставно – штедење. И тоа по се изгледа, не само оваа година, производителите на автомобили сакаат во иднина своите промоции да ги преселат во онлајн просторот.

Конкретно, оваа година, како што пренесуваат светските медиуми, учеството го откажаа Французите, но и Јапонците. Годинава не пристигнаа Волво, Ролс-Ројс, Астон Мартин, Нисан, Рено, Дачија, Мицубиши, како и производителите на Џенерал моторс, Шевролет и Кадилак.

Посетителите оваа година нема да видат ни Тојота, Мазда, Сузуки, Субару, но и Пежо и Цитроен. Годинава во Франкфурт го нема ниту Фиат и Алфа Ромео, а се откажа и Ферари.

Доколку ваквиот тренд продолжи, јасно е дека судбината на саемите за автомобили е се по неизвесна.