Да се врати долгот на сите јавни претпријатија во општиот долг, капиталните расходи да се реализираат во поголем процент, да се намали процентот на неформалната економија, да се спроведат реформи за високата невработеност кај младите лица. Ова се дел од препораките кои треба да се спроведат во земјава, а кои денеска ги соопшти  шефот на одделот за економски прашања во Делегацијата на ЕУ Фрек Јанмат.

Најголеми предизвици во однос на специфичните структурни реформи во Република Северна Македонија за поттикнување на конкуреноста и долгорочниот инклузивен раст се формализација на економијата, интеграција на домашните компании во глоаблните синџири за вредност и осврнувње на прашањето со невработеноста кај младите за што имаме шест препораки, истакна Јанмат.

Тој појасни дека за управуање со јавните финансии треба да се зголеми транспареноста со вклучување на јавните претпријатија во општата владина рамка за финансиско известување.

Треба да се одобри новиот закон за буџет, со фискалните правила и да се направат подготовки за независен фискален совет, рече Јанмат и порача дека е добро да се воведат правилата што ги нема во моментов во земјава, а тоа е јавниот долг да не смее да биде над 60 проценти и буџетскиот дефицит да не надмине три отсто.

Исто така, треба да се зајакнат институционалните капацитети на граѓанските судови, да се стави фокус во спроведување на Младинската гаранција со акцент врз неразвиените региони и кадровското екипирање на Агенцијата за вработување и Националниот младински совет. Треба да се забрза модернизацијата на образовниот систем на сите нивоа преку подобрување на инфраструктурата, наставните програми и квалификациите на наставниците.

Во делот на монетарната и финансиската област, се препорачува да се спроведат стратегиите за денаризација и нефункционални заеми. Предупреди дека има ризик функционалните кредити да станат нефункционални, кои сега се на ниво од пет отсто.

Она што го препорачува ЕУ, според Јанмат, земјата треба да го спроведе за една година. Тој очекува да се спроведат препораките, бидејќи оваа година Владата одобри посебен акциски план за спровеудвање на овие мерки и тоа ќе помогне да се спроведат некои од мерките што се повторуваат во повеќе години.

Препораките се искажани денеска на Министерскиот дијалог со ЕУ, во Брисел, каде присуствуваат министерот за финансии Драган Тевдовски и гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска.