Претставници на ноќните клубови од земјава заедно со музичарите денеска излегоа на протест пред Владата. Како што вели Горан Арсовски, претставник на ноќните клубови од земјава, нивниот сектор е сериозно погоден поради корона кризата.
Бараме состанок на кој ќе ги претставиме нашите барања . Изминатиот период бевме опфатени со првиот пакет мерки, кој беше за платите на вработените. Но, бизнис што не работи, не може да има вработени. Ние сме дојдени до финансиски колапс. Нашите објекти исполнуваат услови и можеме да донесеме подобри протоколи за работа. Мерење на температура на влез, електронско продавање на карти, сигурни вентилации – истакна Арсовски.
Comments are closed for this post.