Не бараме да спечалиме во оваа криза,туку само колку да можеме да егзистираме, побара претставникот на угостителски објекти кои организираат свадби, Екрем Мемиши на денешниот протест пред Влада.

Тој во своето обраќање истакна дека е свесен за кризата, но посочи дека се потребни посебни протоколи за организација на свадби за и оваа индустрија да може да опстои.

Од 14-ти март не работиме,а повторно успеавме да ги исплатиме своите работници и покрај тоа што немавме приходи. Бараме посебни протоколи за организација на свадби на кои секкао би се почитувале мерките за заштита од ковид-19 – порача Мемиши.

Тој додаде дека сите сектори веќе функционират освен угостителството и дека мора нешто да се преземе околу тоа.