Рапидно расте бројот на невработени лица во земјава, извозот паѓа, ќе се зголемува сиромаштијата, а вкупниот економски раст согласно предвидувања на сите институции  е ревидиран во надолна линија. Ова се моменталната тажна слика на македонската економија

Дека загрижува состојбата покажуваат последните  податоци за зголемување на бројот на невработени во земјава. 15 илјади граѓани останале без работа, само за три месеци поради корона кризата.Според овие бројки, на Агенцијата за вработување на крајот на мај годинава во земјава имало 121.187 невработени лица, што е повеќе за 15.371 граѓани во однос на крајот на февруари годинава.

Очигледно е дека трендот на зголемување невработеноста, односно лица кои ќе останат без работа, ќе се зголемува и во иднина, како резултат на корона кризата.

Во зависност од тоа дали кризата ќе трае еден или два квартали, пак, извештајот на Светска банка предвидува стапката на сиромаштија да порасне од 17 %  во 2019 до 20-23 %  во 2020 година и од 55.000 до над 130.000 граѓани на  Македонија би западнале во сиромаштија.

Аналитичарите веќе критикуваа дека  економскиот тим на Владата не е дораснат за справување со кризата, односно  дека Владата многу доцна реагираше и дека економските мерки кои ги промовираат се многу задоцнети и но и конфузни.

Кога се направија преструктуирањата во техничката Влада, во економските ресори, СДСМ не очекуваше дека ќе има корона епидемија, и мислам дека тимот не е дораснат, животно и работно да се справат со економската криза. Има многу нејаснотии, многу доцнење на помошта,  изјави аналитичарот Сашо Клекоски. 

Тој појасни дека со тоа што Владата ќе издвои 0,2 посто од БДП за справување со економската гриза, покажува дека после Белорусија, ние имаме најниско одвојување во Европа, додавајќи дека многу малку се направи, но и дека се нема јасна политика што ќе се заштитува, дали ќе се заштитуваат работните места или ќе се заштитуваат невработените.

Народната банка веќе ја ревидираше проекцијата за раст на економијата за годинава. Проекцијата  е намалување на економската активност од 3,5 проценти за годинава и закрепнување во наредната година за кога Народата банка проектира раст од 4,7 отсто. Според проекциите на НБРМ, се очекува пад на личната потрошувачка од четири проценти, пад од 10 отсто кај бруто инвестциите, кај извозот 17 проценти, кај увозот 15 проценти.

Владата пак донесе  пакет мерки  за да им помогне на фирмите да ги задржат вработените, со парична помош за нив. Финансиска државна поддршка ќе добијат и лицата кои поради корона кризата останале без работа, односно го изгубиле работното место. Нивниот став е дека на овој начин ќе се ублажат последиците од кризата. Но, дека доаѓаат лоши денови за македонската економија , ќе покажат и статистичките податоци за неколку месеци.