Министерот за економија Крешник Бектеши денеска оцени дека  угостителите имале доволно помош во четвртиот пакет мерки и дека не се заборавени ниту во петтиот пакет економски мерки. Тој смета дека нивниот денешен протест ултиматум за државата, но ги охрабри да протестираат.

– Имаше директни грантови за угостителите со 4-тиот пакет мерки, но ниту една дејност нема да биде заборавена и со петтиот пакет мерки. Не се согласувам со ултиматумите, а секако ги охрабрувам на искажување на своето мислење преку протести. Осум месеци се плаќаат платите од државата, вклучувајќи го тука и угостителството. Секако ќе има и други олеснувања – рече Бектеши.

Угостителите во периодот од 14 до 17 часот денеска ќе ја блокираат раскрсницата на булеварот Александар Македонски незадоволни од тоа што не им се дозволува да работат.