Министерот за економија Крешник Бектеши денеска оцени дека угостителите имале доволно помош во четвртиот пакет мерки и дека не се заборавени ниту во петтиот пакет економски мерки. Тој смета дека нивниот денешен протест ултиматум за државата, но ги охрабри да протестираат.
– Имаше директни грантови за угостителите со 4-тиот пакет мерки, но ниту една дејност нема да биде заборавена и со петтиот пакет мерки. Не се согласувам со ултиматумите, а секако ги охрабрувам на искажување на своето мислење преку протести. Осум месеци се плаќаат платите од државата, вклучувајќи го тука и угостителството. Секако ќе има и други олеснувања – рече Бектеши.
Угостителите во периодот од 14 до 17 часот денеска ќе ја блокираат раскрсницата на булеварот Александар Македонски незадоволни од тоа што не им се дозволува да работат.
Comments are closed for this post.