Министерот за економија Крешник Бектеши денеска е во Албанија на средба со министерката за инфраструктура и енергетика, Албанија, Белинда Балуку.

Двајцата министри имаа разговори за повеќе теми меѓу кои и зејтинот за јадење кој Србија и го даде на Македонија да се справи со кризата. Владата пак реши дел од тој зејтин да и донира на Албанија.

Инфраструктурното поврзување со Коридорот 8 и справувањето со енергетската криза беа теми на средбата.

Она што падна во очи е позирањето на Бектеши и Балуку само со албански знамиња во позадина. Ако човек не знае дека ова е меѓуржавна посета ќе помисли дека се работи за средба на двајца политичари од Албанија.

За потсетување, Бектеши доаѓа од Македонија која има свое државно знаме.