Директорот на ЖРСМ Инфраструктура, Хари Локвенец забележа дека европските средства во проектираниот седумгодишен буџет биле енормно зголемени во однос на изминатиот период, посочувајќи дека најмногу средства годинава во државата се издвоени за железничката инфраструктура.

– Во завршна фаза сме на тендерската процедура за првата и втората фаза од Коридорот 8, источно крило кон Бугарија, нашите очекувања се дека реализацијата ќе почне до крајот на пролетта. Би требало да заврши во проектно планираниот рок, а како аргумент плус е тоа што е можеби еден од малкуте инфраструктурни проекти, кој почнува со 100 отсто решена експропријација. Иако во овој момент најголемите проекти се поврзани со Коридор 8, источно крило, продолжуваме со подобрување на патните премини, вградување елементи од рециклиран гума, а користиме и грант од ЕУ за реновирање и подобрување на 20-тина патни премини во сферата на сигнализација и телекомуникациите. Одржувањето на пругата е континуиран процес, истакна Локвенец.