Од шесте земји на Западен Балкан – Македонија, Албанија, Црна Гора, Косово, Србија и Босна и Херцеговина – само лани во земјите на ЕУ се иселиле 228.000 лица, објави црногорски „Вијести“ поивикувајќи се на Евростат.
Од Албанија си заминале најмногу, 62 илјади, од БиХ 53,5 илјади, 51.000 заминале од Србија, а од Косово 34,5 илјади.
Од Македонија лани си заминале 24,3 илјади лица, и според бројот на населнието процентуално тоа е поголема бројка. Од Црна Гора, пак, како што објави „Вијести“ се иселиле 3.000 лица.
Од Албанија најмногу се иселуваат во Италија, таму заминале 23.000 лица, а потоа е Грција и Германија. Германија е најпосакувана дестинација за граѓаните на Косово и на Србија. И Македонците најмногу се иселиле во Германија – 11,5 илјади, а потоа следи Италија и Словенија каде се иселиле по 2,2 илјади лица. Процентуално тоа значи дека 2,1 отсто од вкупното население ја напутиле земјата..
Comments are closed for this post.