Двајцата ранети при пукањето на свадбата во тетовска Мала Речица имале повреди во градите и поради сериозноста се однесени на скопската Клиника за торакална хирургија, информираат денеска од тетовската клиничка болница.
Двајцата повредени по оперативните зафати се во стабилна состојба.
„Дежурна екипа вчера ги примила двајцата повредени со по една рана во пределот на градите. Едниот повреден веднаш по првата помош е однесен во Клиника за торакална хирургија во Скопје. По направени иследувања и опсервации и поставена индикација и за вториот е донесена одлука да се однесе на истата клиника, изјави раководителот на Одделението за хирургија при Клиничката болница во Тетово, Илбер Бесими.
СВР Тетово објави дека повредените се 27-годишник со иницијали А.Б. од Мала Речица и 26-годишниот Ф.А. од Голема Речица.
Comments are closed for this post.