Виетнамската царинска управа запленила 125 килограми рогови од носорози во вредност од четири милиони долари во пратка која е испратена по воздушен пат, соопшти денеска државната телевизија Виетнам њуз.
Телевизијата извести дека 55 рогови од носорог се најдени внатре во гипсени блокови и дека се пронајдени во четвртокот.
Како што наведуваат властите од оваа држава, пратката е предадена како материјал на кој нема оданочување, како би се избегнала царинската проверка на меѓународниот аеродром во Ханој.
Виетнам и Кина се најчестите дестинации за криумчарење рогови од носорог бидејќи многу веруваат дека тие лечат од разни болести, вклучително и рак.
Comments are closed for this post.