Популацијата на тигри во Индија порасна на речиси 3 илјади, со што земјата стана едно од најбезбедните живеалишта на оваа загрозена животинска врста.

Индискиот премиер Наренда Моди денеска објави податоци за бројот на тигри во 2018 година, истакнувајќи дека тоа е „историско достигнување“ за Индија, бидејќи бројот на овие животни пред 15-тина години се смалил на 1400 пренесува Асошиејтед прес.

Тој кажа дека бројот во заштитените области за тигри се зголемил на 860 минатата година, што е за околку 200 повеќе отколку во 2014 година.

Во Индија проценка на популацијата на тигри се прави на секој четири години, а во 2014 година во Индија имало само 2226 тигрови.

Бројот на тигри постепено се намалувал од 70-тите години од минатио век, заради што Индија започна програма за заштита на оваа врста животни во национални паркови и го криминализираше нивното убивање.

Индиските тигри и слонови се животни кои најмногу се ловат, пред се заради забите од слонова коска кои се продаваат на црниот пазар и се користат во алтернативната медицина.