По експлозијата на нуклеарната електрана во Чернобил во 1986 година, многумина тврдеа дека тоа подрачје е најрадиоактивно место на земјата. Посебно се однесуваше на кровот на нуклеарката каде престој од две минути можело на посетителот за половина да му го смали животниот век.
Сепак, со годините на тоа место намалено е нивото на радијација па така сега напуштените училишта, забавен парк, згради во градот Чернобил отворени се за посетители и стануваат се поголема туристичка атракција, посебно за оние со авантуристички дух.
„Веројатно дека повеќе сте озрачени за време на летот до Чернобил, отколку таму, изјави нуклеарниот научник Клер Коркхил.
Сепак, постои едно место во светот кое е многу порадиоактивно од на сите познатиот Чернобил. Според најновата студија кои ја спроведуа научници од Универзитетот Колумбија, одредени подрачја на Маршаловите острови, каде по Втората светска војна САД спровеле 67 нуклеарни испитувања, се уште покажуваат високо ниво на зрачење.
Научниците откриле радиоактивни елементи во 38 примероци од земја земени од 11 различни острови. Најголема доза зрачење пронајдена е на островот Бикини, каде САД го спровеле најголемиот тест за хидрогенска бомба, а подоцна потопија десетина радиоактивни бродови.
Таму е откриено и до 1000 пати повисоко ниво на плутониум, отколку во Чернобил или Фокушима
Научници откриле дека за четири острови: Рунит, Ејнеби, Бикини и Наен се многу порадиоактивни од подрачјата во близина на чернобилската електрана. Иако тие острови главно се ненаселени истражувачите сметаат дека локалното население би требало да биде предупредено да не поминува време на тие места.
Comments are closed for this post.