Две куќи кои од неодамна се на продажба биле место на светски познати злосторства. Лос Фелиз во Калифорнија е куќата која е ставена на продажба на 11 јули, има преубав поглед, но стана поната кога во неа 1969 година членовите на озогласениот култ на Чарлс Менсон брутално ги убија Леон и Роузмери ЛаБјанка.

Околу 200 километри понатаму, во Барон, во државата Висконсин, на продажба е куќа од која е киднапирана Џејми Клос, а нејзините родители Џејмс и Денис се убиени, во 2018 година. Оваа куќа е најавена дека наскоро ќе се продава, затоа се уште нема цена, пишува „Њујорк пост“.

Двата имоти не се единствените куќи во кои се случиле убиства, а сега се на проажба. Сепак случајност е што овие две куќи во кои се случени свирепи убиства истовремено се најдоа на продажба.

Куќата на фанатиците на Менсон е со површина од 550м2, градена е во медитерански стил од деведесетите години од минатиот век, со две спални соби и две купатила, базен, италијански плочки, подзакривена тераса и опкружена од простран двор. За неа се бараа безмалку 2 милиони долари.

Не се спомената причината по која овој имот е познат иако според калифорниските закони, никој не е должен тоа да го наведе, бидејќи се бара единствено доколку убиството се случило во последните три години.

Чарлс Менсон е починат, но неговиот култ продолжува

Продавачите суптилно би можеле да ја искористат историјата на куќата во своја корист бидејќи оваа година се одбележуваат 50 години од убиството, а премиерно беше прикажан и филмот на Квентин Тарантино „Си беше еднаш во Холивуд“ токму за таа случка.