Не може Катица Јанева да биде така злоупотребена, вели во разговор за Пресинг Тв, адвокатот Звонко Давидовиќ.
Премиерот Зоран Заев во интервју за МИА побара обвинителството побрзо да утврди дали специјалната јавна обвинителка Јанева била злоупотребена или инволвирана во процесот за случајот „Рекет“. А, прашањето до Давидовиќ беше може ли воопшто да се говори за злоупотреба на ваква личност?
Тешко, тешко. Ако ја работите својата работа максимално одговорно и максимално професионално многу тешко можете да дозволите некој да ве злоупотреби до тоа ниво да извлече толку пари од осомничен во еден од предметите во кои вие ги водите и сте обвинител. Просто не можам да верувам, вели Давидовиќ.
Тој верува дека останатите обвинители од СЈО, за кои вели дека се луѓе кои досега немале црна дамка, не учествувале во сето ова, но се одговорни за тоа што не алармирале и не го спречиле ваквото однесување.