Договорот со Грција е историски затоа што обезбедува целовитост на државата, интеграција и економски бенефит и перспективи за сите. Сите нашата земја ја користат како светол пример за мотивирање на другите земји. Нашата земја и сите граѓани треба да се горди, изјави премиерот Зоран Заев во интервју за телевизија Клан Македонија.
Во однос на Договорот од Преспа, премиерот Заев посочи дека очекува да продолжи пријателството со Грција и стратешкото партнерство согласно Договорот, оценувајќи дека и новиот грчки премиер Киријакос Мицотакис е прилично внимателен по ова прашање.
Неговите ставови се дека договорите се ратификувани во двата парламенти на двете земји и дека секако, ако некоја од страните не ги исполни своите очекувања ќе има реперкусии“, истакна Заев.
Првиот разговор, со новиот грчки премиер Мицотакис, Заев го оцени како пријатно задоволство.
Ние позборувавме пријателски. Испративме пријателски пораки. Јас посакав благодет и просперитет на грчките граѓани и Република Грција, како наш сосед. Премиерот Мицотакис, посака да се видиме како пријатели и да работиме во интерес на граѓаните“, посочи Заев.
Comments are closed for this post.