Зошто се крие биографијата на советникот на премиерот Зоран Заев, Љупчо Зафировски, кој не живее во Париз, туку во Скопје и дали платата од 1.200 евра ја добива на сметка во Србија за да се избегне плаќањето данок?
Ова беа двете дополнителни прашања, што пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милиошоски, му ги упати на премиерот Заев, незадоволен од добиениот писмен одговор на прашање доставено до Владата според Законот за слободен пристап на информации.
Името на советникот Зафировски беше споменато и на минатата собраниска седница посветена на пратенички прашања кога Милошоски го праша премиерот каква е неговата улога и работните обврски, како, наводно, близок пријател на францускиот претседател Емануел Макрон. Тогаш Заев, меѓу другото, одговори дека платата на советникот е поголема затоа што живее и долго време минува во Париз.
Одоговарајќи на денешните дополнителни прашања, премиерот меѓу другото одговори:
Зафировски е законски ангажиран и тој ја одредува сметката на која треба да му се исплаќа платата. Јас не можам да бидам истражен орган. Тој не е Жан Пјер, туку Љупчо Зафировски, наш граѓанин“, рече Заев.
Инаку ИРЛ објавува дека од Владата добиле информација дека Љупчо Зафировски e соработник за „Олеснување на процесот на пристапување на РСМ кон ЕУ, помагање во остварување на стратешките приоритети и определби на Владата во однос на евроатлантските интеграции“. Ова всушност била и единствената информација од Владата за советникот кој е еден од подобро платените.
Зафировски е пензионер и екипта на ИРЛ го сретнала во едно скопско кафуле, но тој не сакал да зборува за неговиот ангажман во Владата.
Па не би сакал да зборувам за мојот ангажман во Владата во кафеана“, рекол Зафировски.
На прашањето за неговата професионална биографија и искуство за евроатлантските интеграции тој само кусо одговорил:
Сигурно сум компетентен, штом ме избрале за советник“.
Comments are closed for this post.