Иако Албанија според платите по глава на жител е најсиромашна во Европа и има најмала потрошувачка, кога станува збор за цените на храната тие во Албанија се највисоки во регионот, но дури и повисоки од некои членки на ЕУ, објави Албаниан њуз, повикувајќи се на извештај на Евростат.
Земајќи го цените на храната и на пијалоците, Албанија во 2018 година забележала ниво од 79 проценти од просекот од 100 проценти измерен во ЕУ. По Албанија во 2018 година рангирана е Босна и Херцеговина со 76 проценти, Црна Гора со 78 колку што има и Македонија.
Албанија е земја со најниски плати, тие изнесуваат 30 проценти од просекот во ЕУ, а во ист ранг е и Босна.
Comments are closed for this post.