Илјадници имигранти се обидуваат моментно да избегаат од Балканот, каде што ситуацијата е тешка поради преполните кампови и заради криминал меѓу илегалните имигранти, предупреди шефот на Одделот за борба против трговијата со луѓе во австриската Криминалистичка служба Гералд Тацгерн.

Тацгерн истакнува дека трговците со луѓе пренесуваат се повеќе мигранти во камиони, па може да се повтори драмата од 2015 година, кога во еден камион се пронајдени 71 мртви мигранти.

Виенскиот весник „Кронен цајтунг“ пренесе дека во изминатите две недели се случиле три убиства на имигранти и дека жртвите биле Авганистанци вклучени во шверцот на луѓе, а кои се скарале заради пари.

Тацгерн истакна дека илегалните работи меѓу мигрантите, создаваат дополнителни проблеми во преполнетите кампови.

Тој за виенскиот весник „Кронен цајтунг“, вели дека расположението се сменило и кај српските и босанското население кон мигрантите и дека постои поголема подготвеност да им се помогне на, бидејќи се почесто е присутно насилство од страна на мигрантите кон локалното население.

Таквата ситуација, додава тој, може да доведе поголем број мигранти да се движат кон крајните цели.

Во моментов во Босна и во Србија чекаат околу 6.000 бегалци, кои се во страв и губат трпение и сакаат да го напуштат регионот што е можно поскоро“, рече Тацгерн.

Тој посочи дека, затоа, шверцерите имаат полесна работа и дека мигрантите повторно „страдаат” во голем број во камиони и комбиња.

Тацгерн, исто така, предупредува дека голем број бегалци моментно ја напуштаат Турција кон Грција и на Балканот, што уште повеќе ја влошува ситуацијата.