Виетнам формира посебен тим стручњаци, меѓу нив и четворица руски научници, кои треба да помогнат во зачувувањето на балсамираното тело на некогашниот виетнамски државник Хо Ши Мин.
Агенцијата Хина пренесува дека за таа цел формиран е посебен совет, кој со работа ќе започне следниот месец, а ќе треба да ја процени состојбата на телото, на основачот на Виетнам, кое прв пат е балсамирано пред точно 50 години.
Задача на советот е да предложи план и научни мерки за долгорочно зачувување и заштита на телотот на претседателот Хо Ши Мин“, стои во злужбената одлука на виетнамските власти.
Се наведува дека неколку земји ви светот, меѓу нив Кина, Северна Кореја и Виетнам, ги зачувуваат своите основачи благодарение на помошта на советската „Ленинова лабораторија“, која го изложи балсамираното тело на Владимир Ленин во Москва по неговата смрт во 1924 година.
На секои две години телото на Ленин се потопува во купка од глицерол и калиум ацетат на 30 дена, а благодарение на таа техника, тврдат научниците, може да биде сочувано со векови.
Comments are closed for this post.