Поранешниот албански претседател Бујар Нишани оценувајќи ја актуелната ситуација во земјата рече дека „деградацијата на рамнотежата помеѓу функциите на институциите кои дејствуваат во Албанија, ја доведоа албанската држава до голема институционална, политичка и економска криза, каква што никогаш досега немало и секое потценување на одговорноста може да доведе до опасни ситуации“.
Тој додава дека Албанија денес има најслаби институции од кога и да било до сега и посочува дека организираниот криминал и корупцијата станале дел од политиката.
„За да се надмине оваа ситуација создадена во албанската држава, треба да ја сфатиме сериозно. Ситуацијата во нашата земја е исклучително критична, а дополнителната негрижа може да предизвика големи судири, смета Нишани.
Според него, албанската интеграција во Европската Унија е блокирана, а главен виновник за ова е актуелната политика во Албанија предводена од Еди Рама.
Нишани додава дека оваа политичка класа го загрозува слободното движење на албанскиот народ.
Бујар Нишани беше претседател на Албанија во периодот од 2012 до 2017 година, а на ова функција дојде од позицијата министер за внатрешни работи.
Comments are closed for this post.