Вистината може за Бугарите да не е вистина. Секој си има своја вистина. Но, не може бугарската вистина да биде апсолутна вистина. Па, и ние имаме своја вистина и со таа вистина ние ја правиме сопствената историја, вели во разговорот за Пресинг Тв, историчарот, проф. д-р Тодор Чепреганов.
Според него, штом политиката влезе во историјата ништо не е лесно, зашто тогаш има политичка историја. Ако се остави историјата на историчарите, тие меѓу себе ќе дојдат до решение.
Прашање е како што разговараат членовите на комисиите-како Македонци со Бугари или Бугари со Бугари? Не може ако комисијата донесе некоја одлука, таа да биде вечна одлука за целиот македонски народ. Може сега да биде донесена, потоа некоја друга комисија ќе рече ова не важи, Вели Чепреганов.
Професор Чепреганов во разговорот говори за Договорите со Грција и Бугарија, Гоце Делчев, за проблемот со датумот за чествување, за уцените од официјална Софија…