Секоја сезона носи свои трендови, а ова лето на плажите ќе се носи и гледа таканаречен „underboob“ бикини. Се работи за малку понапреден модел на костим за капење кој традиционалното бикини го врти наопаку па со тоа повеќе се открива отколку што се сокрива.
Центарот на вниманието на овој модел е врз деколтето, а посебно на долниот дел од градите кој во класичниот модел е сокриен во кошничките.
Од бојата и примероците, актуелни ќе бидат неонските бои кои совршено ќе го истакнат исончаниот тен, но и животинските принтови.
Сигурни сме дека овој редуциран бикини подеднакво ќе ги воодушеви и жените и мажите.
Comments are closed for this post.