0:00
На руско-македонските односи треба да се гледа малку покомплексно и треба да се дефиннираат приоритетите на двете земји. Кога станува збор за она што е најактуелно во моментов, а тоа е можноста Русија во Советот за безбедност на Обединетите нации да го блокира Договорот од Преспа тоа не е реално, вели во интервју за „Pressing Tv“ поранешниот дипломат и амбасадор во Русија, Драган Јањатов.
Според него, Русија нема никаква корист да го стори тоа а згора на тоа нема ни правна можност.