Лидерот на најголемата опозициска партија во Грција, Нова демократија, Киријакос Мицотакис, го обвини грчкиот премиер Алексис Ципрас дека лаже седум дена во неделата, како би избегнал пораз на изборите, јавува агенцијата АНА-МПА.
Мицотакис вели дека Ципрас ќе изнесе уште повеќе лаги до 26 мај, кога во Грција ќе бидат одржани редовни избори за Европскиот парламент и локални избори.
Лидерот на грчката опозиција рече дека граѓаните добро го познаваат Ципрас и неговата ефикасност и, како што тврди, сакаат да побегнат од маѓепсаниот круг на сиромаштија.
За неколку дена ќе му го дадат одговорот кој го заслужува, изјави Мицотакис.
Во Грција во недела на 26 мај ќе бидат одржани редовните избори за Европскиот парламент, како и локални избори.
Имајќи предвид дека редовните парламентрни избори ќе бидат одржани во октомври, политичките партии во Грција водат жестока битка како да освојат што подобар резултат на овие избори, за кои очекуваат дека ќе се преслика и на изборите на републичко ниво во октомври месец.
Comments are closed for this post.