Четири дена пред неговото доаѓање започна за подготовките за Папата Франциск. Тој во вторник ќе биде во Скопје во своја прва официјална посета. Централниот настан ќе биде на плоштадот „Македонија“ каде ќе има литургија за верниците.

Бината на плоштадот почна да се монтира а се местат и заштитните огради каде што ќе смеат да се движат верниците.

На 7 мај во Скопје ќе има највисок степен на безбедност и движење во централното градско подрачје нема да биде дозволено.