Беса преку соопштение ги повика гласачите да излезат на изборите на 5 мај за да не се создаде институционална криза. Исто така, партијата бара да се распишат предвремени парламентарни избори поради делегитимирањето на алабанскиот политички фактор во власта.

Со оглед на фактот дека Движењето Беса во текот на овој период е претставен како многу сериозен политички субјект и со транспарентен пристап во текот на процесот на движењето на Северна Македонија кон евро-атлантските структури, и имајќи предвид дека овој процес може да му се наштети, ако се создаде нова криза во претседателската институција на државата, Движењето Беса како еден од главните опозициски политички актери, апелира до сите гласачи на Движење Беса, односно албанските граѓани, да излезат на 5 мај и го остварат своето право на глас, почитувајќи ги нивните индивидуални верувања. Важно за Движењето Беса е Северна Македонија да избере Претседател, а не да се создаде нова институционална криза која ќе ја забави интеграцијата на земјата во НАТО и во ЕУ.

Исто така, поради делегитимирањето на албанскиот политички фактор во власта, без оглед на исходот на изборите на 5 мај, Движењето Беса од парламентарно мнозинство бара веднаш да се распишат предвремени парламентарни избори за политичката реалност на застапеноста на Албанците во Северна Македонија да се одрази и со мандати на албански пратеници во Собранието.