Државната изборна комиисја денеска расправаше за приговорите на партиите за претседателските и локалните избори. Комисијата усвои седум од жалбите поднесени од ВМРО-ДПМНЕ за повреда на избирачкиот процес на две изборни места во Кавадарци и по едно во Куманово, Охрид, во скопските општини Аеродром и Центар и едно во општина Кичево.

Најголемо внимание предизвика жалбата на гласачкото место 0816 во Кичево со 412 гласачи. Пријавата беше поднесена од страна на ВМРО-ДПМНЕ, затоа што во периодот од 15 до 17 часот, на тоа гласачко место гласале 297 гласачи или во превод на секој 24 секунди, што според нив е невозможно.

?

Поради тоа, Комисијата донесе одлука да се отвори гласачкиот материјал и да се направи проверка. Беше констатирано дека гласале 412 гласачи запишани во избирачкиот список, но при проверката беа најдени четири дополнителни гласачки ливчиња.

Во проверката и броењето учествуваше лично и претседателот на Комисијата, Оливер Дерковски

На гласачкото место 1338 во Охрид каде се изведуваа истовремено и локални и претседателски избори гласачите се запишувале само на едниот список. Гласале 82, а запишани гласачи имало 42.

Приговорот е прифатен. Државната изборна комисија на лице место ги пребројуваше гласачките ливчиња и констатираше дека навистина има повеќе ливчиња од запишани гласачи на тоа гласачко место.

Дик поништи уште едно гласачко место во општина Аеродром. Станува збор за гласачко место 2 688 каде било дозволено  да гласа лице кое го немало во Избирачкиот список.Комисијата направи проверка и констатираше дека гласачот навистина го нема на список.

Во овој случај нема да има прегласување бидејќи бројките не влијаат на конечниот резултат туку добиените гласови на тројцата кандидати ќе бидат одзмени од вкупната бројка, а ќе се намали и процентот на излезност.

Да беше ова втор круг и да влијаше на победникот ќе имаше прегласување.