Високата апстиненција во првиот круг од претседателските избори и мене ме изненади. Но, дилемите, што постојат во јавноста околу тоа дали да се излчезе во вториот круг или не, ќе останат, ама и ќе се продлабочат. Целата власт ќе биде во исти раце и дури тогаш ќе бидеме републиканска монархија.

Ова на денешната средба со граѓаните насловена како „Да се гласа или не“ го изјави претседателската кандидатка Гордана Сиљановска Давкова, која притоа изрази подготвеност да се сретне и разговара со сите оние кои имаат било какви дилеми околу (не)учеството во вториот круг од претседателските избори.

И мене ме боли исто промената на името, како и оние кои не сакаат да го споменат, но за да се променат, работите мора да се вратат во институциите на системот, рече Сиљановска.

Таа се осврна и на остојбите во ЕУ и оцени дека целото човештво е на раскрсница и се што се случува не може да опстане. Според неа, при претседателските избори идеологијата доажа во втор план и на прво место избиваат квалитетите и способностите на кандидатот.

Јас сум минијатурна жена, но ме води она во што верувам. Сите инсинуации дека треба да одиграм некаква улога за исполнување на цензусот не ги прифаќам и ги сместувам во сферата на социјалната фантастика, зашто во таа и таква политика јас не припаѓам, ниту сакам да припаѓам. Ќе си ја терам мојата политика и можам да дадам само додадена вредност. Тоа некој намерно го лиферува и убедена сум дека народот е многу помудар од сите ниски удари и шпекулации, рече Сиљановска.