Шахтите на скопскиот плоштад денеска се заваруваат од страна на екипи на „Водовод и канализација“.
Во посета на Скопје на 7 мај треба да дојде поглаварот на Римокатоличката црква папата Франциск. Едно од местата на кое ќе престојува папата за време на престојот ќе биде и централниот плоштад во Скопје.
Откако ќе пристигне, Папата Франциск, ќе има средби со претседателот на државата, г. Ѓорге Иванов и со премиерот Заев, во претседателската палата.
По настаните во Претседателската палата, светиот отец ќе ја посети спомен-куќата на Св. Мајка Тереза во присуство на верските лидери а подоцна ќе се сретне со сиромашните.
Во програмата за апостолското патување на папата Франциск предвидено да служи света Литургија на Плоштад Македонија. Подоцна истиот ден ќе присуствува на екуменска и меѓурелигиска средба со млади луѓе во Пастирскиот центар.
Comments are closed for this post.