Лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев на митингот во Тетово им запеа на Мицкоски и Силјановска.

Не нудат ништо. Како ќе и ги задржиме младите без НАТО и ЕУ. Не кажуваат ништо, не нудат ништо, зборуваат за минатото. Има една песна се вика „Strangers in the nigt“. Како странци во ноќта се, изгубени до крај“, рече Заев.

Тој им порача на демохристијаните дека не е христијански да му се закануваат.

Гледам и некое братство овде било, христијанско и тие се закануваат, не знам дали се христијанско братство по христијанството или по Христијан. Бидејќи во христијанството нема закани туку помагање, топла насмевка, како што има во муслиманството. Доста беше делби и поделби, време е да се сплотиме “, порача првиот човек на социјалдемократите.