Успешен ден имаа селекциите од регионот во вчерашните квалификации за европското ракометно првенство.
Она што е најголемо изненадување е првата победа на Косово против Израел, за голема радост на косовските навивачи.
Уште поголемо изненадување направи Црна Гора која во преполната „Морача“ ја совлада фаворизираната Данска со 32-31 на чело со ѕвездите Ландин и Хансен.
И за крај на вечерта нашите ракометари го совладаа нагости Исланд со голот на Манасков во последната секунда. Ова беше прва победа за Македонија против Исланд на гостински терен и деби на новиот селектор Брестовац.
Comments are closed for this post.